Како ќе изгледа турската серија што се снима во Скопје за љубов од другата страна на Вардар

|

Излегоа неколку најави за турската серија „Balkan Ninnisi“ (Балканска приспивна песна), која почна да се снима кон средината на мај годинава на повеќе локации во Скопје. Приказната ја следи „забранетата“ љубов помеѓу Македонка и Турчин, кои живеат на двете страни на Вардар.

Приказната за градот Скопје, поделен со реката Вардар и споен со Камениот мост…

Доаѓа серија која ќе ви се допадне со главната актерска екипа и искрена и забавна приказна! Серијата која ги раскажува искрените, веселите и забавните приказни на балканските луѓе, ќе привлече внимание и со својата актерска екипа, се вели во описот на серијата.

Режисер на филмот е Доан Умит Караџа, човекот што стоеше и зад режијата на сериите „Долина на Волците – Заседа“ и „Збогум Румелија“, а приказната подеднакво ќе опфаќа сегменти од животот на турските и македонските семејства на двајцата млади протагонисти.

Во главните улоги се појавуваат Ердал Озјагџилар, како Сулејман Ќуфтеџи, кој на македонската публика ѝ е добро познат по улогите во „Збогум Румелија“ и „Зет Домазет“, Мерих Озтурк во улогата на Јованка и Емре Беј во улогата на синот на Сулејман.