Овен
Избегнувајте да преземете деловни ризици на кои ве убедуваат соработниците. Најдобро е да се држите до познатите правила и да се заштитите од непријатности. Не дозволувајте да ве обземаат нечии проблеми. Дозволете му на вашиот партнер да биде самостоен. Бидете воздржани, избегнувајте афективно однесување.
Бик
Од голема важност е да бидете добро организирани за да ги испочитувате предвидените рокови. Можеби работите не се одвиваат на посакуваниот начин, но тоа не смее да ве обесхрабри. Ви недостасува нечие присуство или емотивно охрабрување. Премногу сте преокупирани со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Потребно е да најдете баланс.
Близнаци
Денес ќе имате изразена потреба за докажување, но тоа нема да ве одвете во посакуваната насока. Важо е да избирате работи кои истовремено ги исполнуваат вашите духовни интереси и од истите имате материјална корист. Нема потреба да глумите во друштво на саканата личност. Прилагодете се според заедничките потреби. Ќе уживате во прошетка или престој во природа.
Рак
Пред вас е ден полн со предизвици – искористете го на најдобар можен начин. Доколку сакате да ги постигнете вашите цели, потребна ви е нечија поддршка за да ги добиете потребните информации. Размислувате како треба да привлечете нечие внимание. Искористете ја вашата имагинација.
Лав
Можеби ќе треба да размислите околу некои свои принципи до кои се држите веќе некое време. Поаѓате со погрешен став. Прифатете нечија критика или совет. Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба може да се претвори во „подобриот дел од реалноста“. Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.
Девица
Треба да бидете доволно мудри за да се спротивставите на нечие самоволие и деловен авторитет. Променете го аголот на гледање на работите, не е возможно постојано да имате потполно различно мислење од луѓето од вашето опкружување. Новите изливи на љубомора или посесивност само дополнително ќе го оддалечат вашиот партнер од вас.
Вага
Делувате амбициозно, внимателно проверувате различни информации кои влијаат на квалитетот на работата. Посветете се на започнатите проекти. Потрудете се да ја израдувате вашата сакана личност со некоја необична идеја, се изгледа поразлично во романтично расположение. Покажете трпение и разбирање со луѓето околу вас, особено со партнерот.
Скорпија
Ве разочарува нечие однесување. Нема причина за донесување дополнителни одлуки, задржете ја својата работна позиција. Постои добра причина да го прифатите повикот за средба или излегување. Не ги премислувајте работите во љубовниот однос. Опуштете се и усмерете ги своите мисли во позитивен правец.
Стрелец
Ви станува јасно дека многу работи се поразлични во однос на она што се зборува јавно. Најдобро функционирате кога се потпирате на личната проценка. Но понекогаш морате да се консултирате со вашите претпоставени. Не бидете своеглави. Се повеќе почнува да ви недостасува нечие присуство или емотивно внимание. Нема потреба да ги потиснувате вашите чувства и потреби.
Јарец
Препуштете им на вашите соработници да ги докажат своите способности. Добрата организација е клучот за успех. На средбите со саканата личност нема потреба за мистификација, така секој станува „жртва“ на сопствените заблуди. Вечерните часови поминете ги во мир, ќе ви годи релаксација.
Водолија
Премногу ги форсирате личните цели, затоа вашите соработници реагираат на различни начини. Од голема важност е да сочувате добар однос со луѓето со кои рабоите. Вашиот партнер ќе ве изненади со нова одлука која не сака да ја објаснува. Околностите веројатно не се толку алармантни како што ви изгледат. Бидете трпеливи, сè ќе си дојде на свое место.
Риби
Имате добри идеи, но понекогаш тешко го проценувате конечниот исход. Постапете во склад со вашите морални принципи. Направете компромис таму каде што е потребно. Тешко ви е да разберете нечии емотивни намери. Внимателно го анализирате љубовниот однос, но ви недостасуваат конкретни одговори.