Стариот мебел од ИКЕА не го фрлајте, може да чини цело богатство

|

Ако имате производи на ИКЕА, можеби со текот на годините тие ќе станат уште повредни. Дел од мебелот на шведската компанија стана класика во дизајнот. Затоа се нудат на аукции, пишува „Мирор“.

Така, неодамна беше продадена фотелја од 1959 година за 15.500 фунти (над 18.000 евра).

Фотелјата, која познавачите ја знаат како „Бенгт Руда Кавели“, стана најскапиот мебел што го продала ИКЕА. И денес импресионира со својот дизајн. Својата рекордна цена ја должи на уште една карактеристика – има само 5 произведени парчиња во светот.

Мебелот на шведската компанија од 50-тите и 80-тите години има најголем потенцијал да го привлече вниманието на купувачите. Нивните цени постојано растат, иако се од втора рака, вели Понтус Силверстолпе, експерт за антиквитети и основач на веб-страницата за антиквитети „Barnebys“.

Она што е највпечатливо е дека најскапите предмети на аукциите се оние кои во тоа време се сметаа за неуспешни. Тогаш нивното производство беше брзо прекинато.

Една од сериите на мебел што е високо ценета низ целиот свет е Åke.

Фотелја Импала од 1972 година може да се купи денес за повеќе од 2.000 евра.