Традиционални изработки од македонските жени занаетчики завршија како подароци за високите претставници на Пентагон и Стејт Департментот

|

Уметнички филигрански изработки, брошеви и украси на нашите жени од занаетчиството се најдоа на листата на подароци за високите официјални претставници на Пентагон и Стејт Департментот со кои деновиве во Вашингтон имаше официјални средби министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Подароците за нив се дело на нашите талентирани и вешти жени од занаетчиството, чии производи беа дел од изложбата “Жени во занаетчиството”, под покровителство на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а во организација на Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management.

– Навистина сум горда на изработката на вештите жени – во секој филигран или украс може да се види нашата традиција и култура, нивниот труд, но и нивната иницијатива за претприемништво, пишува министерката на својот Фејсбук профил.

Проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ко вид-19” е имплементиран од Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management а поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID North Macedonia.