Еклер торта која не се пече: Никогаш не сте пробале покремаст и посочен десерт

|

Правењето еклери изгледа како тешка задача, особено за помалку искусните домаќинки, но затоа можете да подготвите еклер торта која не се пече.

Еклер тортата е исто толку кремаста како и обичните еклери, а плус е тоа што многу побрзо се подготвува од нив.

Потребни состојки:

– 500 мл. млеко – 1 кесичка прашок за пудинг со вкус на ванила – 50 гр. шеќер – 10 гр. ванилин шеќер – 100 гр. шлаг – 400 гр. правоаголни бисквити

За глазура:

– 80 гр. шеќер – 15 гр. какао – 20 мл. млеко – 50 гр. путер

Начин на подготовка:

На дното на огноотпорен сад (28х18 цм.) наредете ги бисквитите.

Загрејте го млекото на шпорет со шеќер, ванилин шеќер и пудингот и постојано мешајте со помош на жица. Кога пудингот ќе се свари, оставете го да се излади.

Откако ќе се излади, во пудингот додадете го изматениот шлаг. Потоа ставете половина од смесата врз бисквитите, па врз неа наредете уште еден ред бисквити, па фил, па повторно бисквити.

За глазурата, во сад на оган измешајте го млекото, шеќерот и путерот, оставете да се стопат, па додајте го какаото во прав.

Прелијте врз бисквитите и оставете 2 часа да се излади во фрижидер.