Српскиот патријарх Порфириј му го врачи томосот за автокефалност на македонскиот архиепископ Стефан

ИЗВОРНов Лист
|

Српскиот патријарх Порфириј му го предаде денеска на заедничката литургија во Белград, на македонскиот архиепископ Стефан, официјалниот документ со кој Српската православна црква и доделува автокефален статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во таканаречениот томос за автокефалност, кој беше прочитан во Соборната црква во Белград, се наведува дека станува збор за целосна автокефалност, која ќе се однесува и на матичната земја во која делува МПЦ-ОА, како и на дијаспората.

Патријархот Порфириј изјави дека со тоа се потврдуваат досегашните одлуки на Соборот на СПЦ за статусот на сестринската црква и дека документот ќе биде доставен и до сите останати православни цркви.

Македонскиот архиепископ Стефан оцени дека патријархот Порфириј и СПЦ направиле чекор од историско значење за македонската православна црква и православието.

„На дело покажавте колку го сакате мирот и слогата меѓу браќата, како и целата православна црква“ – изјави Стефан.