Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското море кај албанскиот брег, недалеку од вториот по големина град во Албанија.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Епицентарот на земјотресот бил на само 4 километри од вториот по големина град во Албанија, Драч, и 31 километар од главниот град Тирана.