Од полноќ ново поскапување на цената на горивата. Ова следува откако денеска заседаваше регулаторната комисија за енергетика. Сите цени на горивата станаа троцифрени.
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % .
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.
Дизелот од полноќ ќе се продава поскап за 2,5 денари, додека бензините се зголемуваат за 0,5 односно 1 денар по литар.
Ова се новите цени на горивата: Еуросупер БС-95 – 110 денари, Еуросупер БС-98 – 112 денари, Еуродизел БС Д-Е V – 102 денари.
Се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе изнесува 99,5 денари. Од утре и мазутот ќе се продава по поскапа цена, и ќе изнесува 55,5 денари.