Тиквичките за многумина се омилен зеленчук во текот на летото, а тие се многу добри и за подготвување на ручек.
Тиквичките полнети со бело месо се идеално решение за овие топли денови кога не сакате многу време да поминувате во кујна.
Не станува збор за класично полнење со бело месо туку со специјална смеса со две видови сирење, така што ќе имате нов омилен специјалитет за семејството.
Состојки: – 3 тиквички; – 300 грама пилешко филе; – 20 милилитри масло за јадење; – 2 јајца; – 100 грама кисела павлака; – 50 грама тврдо сирење; – 50 грама моцарела; – 70 грама колбаси.
Подготовка: Исечете ги тиквичките по должина и вдлабнете ги. Исечкајте го белото месо на ситни парчиња и зачинете, додадете масло за јадење и сето тоа измешајте го.
Јајцата и киселата павлака изматете ги заедно, додадете ги зачините и помешајте со месото. Во смесата додадете рендано сирење.
Распоредете ги тиквичките во тепсија, наполнете ги со смесата, па посипете над нив рендана моцарела, а колбасите распоредете ги по површината, по желба може да ги исечкате на кругови. Печете на 180 степени Целзиусови околу половина час.
Пријатно јадење!