Овен (21.03 – 20.04)
Пред вас е ден во кој пред се треба да се занимавате со организирање на некои деловни обврски. Во љубовта можно е да мечтаете за средба со една личност но ќе немате иницијатива.
Бик (21.04 – 21.05)
Можно е да ви се појават некои деловни проблеми и дека ќе ви биде потребно повеќе време да ги решите. Во љубовта надевајте се на смирување со лицето кое ви е многу важно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вашата упорност ќе ви се исплати. Нема причина да се грижите, само останете им доследни на своите цели. Во љубовта имате голема желба да бидете со една личност и важно ви е на овој план да остварите стабилност и среќа.
Рак (22.06 – 22.07)
Можете да очекувате солидна атмосфера на деловен план. Доколку соработувате, денот е одличен. Во љубовта можете да очекувате многу убава емотивна атмосфера. Романтиката ви е на највисоко ниво.
Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе успеете да остварите исклучително добри резултати на деловен план. Во љубовта посакувате промени. Време е да го направите првиот чекор кон лицето кое ви се допаѓа.
Девица (23.08 – 22.09)
Можно е да имате мали проблеми во комуникацијата со своите колеги. Важно е да поработите на својот изглед. Константната напнатост која ја чувствате може да ви создаде проблеми со саканото лице. Потребно е малку да се опуштите.
Вага (23.09 – 22.10)
Денот не е поволен за склопување на нови деловни договори. Ќе ви треба некое време работите да се подобрат. Во љубовта имате поголеми проблеми со моменталниот партнер и се повеќе ви се чини дека е време да ставите крај на тој однос.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Немојте да очекувате премногу од денешниот ден. Финансиската ситуација ќе се стабилизира во иднина. Во љубовта важно е да бидете сосема отворени кон саканото лице.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате доста обврски и пред вас е прилично напорен ден. Важно е максимално да бидете посветени. Можна е врска со лице кое се занимава со слична професија како и вие.
Јарец (22.12 – 20.01)
Склони сте на донесување на непромислени одлуки, а тоа нема да ви биде од голема корист на полето за работа. Во љубовта не сте задоволни со состојбата во емотивната врска и тешко ви е да донесете одлука за прекинот иако разделбата е се поизвесна.
Водолија (21.01 – 19.02)
Важно е да останете доволно одмерени и дипломатични во комуникацијата со своето деловно опкружување. Сосема неочекувано ќе дојде до ново познанство со лице кое во вас може да пробуди големи емоции.
Риби (20.02 – 20.03)
Ненадејни пресврти на овој план ќе ви донесат несигурност и непријатност. Потребен ви е резервен план. Во љубовта можно е да дознаете некои нови информации за лицето со кое сте во врска.