Постои еден хороскопски знак, кој е подобро да го одбегнувате во расправии или замерувања, сметаат астролозите. Иако делуваат мирољубило, кога се бесни, подобро да не ги чепкате!
Имаат доста трпение за се, но имаат и свој праг на толеранција. Доколку го преминете прагот, пазете се!
Најмногу се разбеснуваат ако ги потценувате, а доколку проценат дека не сте им лојални, потполно ќе ве игнорираат. Многу се темпераментни, па не бираат средства со кои ќе го средат противникот.
Веројатно сте препознале некој свој пријател или член од семејството со овој опис. Зборуваме за особите родени во знакот Овен.
Општи карактеристики за Овен
Овенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели.
Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба.
Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието.