Кире Лазаров објави крај на неговата играчка кариера

|

Кирил Лазаров објави крај на неговата играчка кариера

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров денеска објави дека ја завршива својата богата играчка кариера.

По повеќе од две децении, безброј постигнати голови и освоени трофеи, Ларазов ќе одигра само уште два натпревари за својот клуб Нант и тоа утре против Тулуз ќе се прости пред домашната публика, а претстојниот викенд во Париз против ПСЖ ќе се бори за последниот трофеј во кариерата, Купот на Франција.

– Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам…
– На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво…
– Кога нешто работиш со голема љубов, можеш да поместиш граници…
– Завршувањето на играчката кариера е само едно кратко довидување од ракометот. Мојот веќе новозапочнат предизвик е тренерскиот повик и верувам дека и тука заеднички ќе се радуваме, тагуваме и надградуваме, поместувајќи нови граници.


Моето мото кое пак ќе ме води ќе биде – СЕКОГАШ НА ПОБЕДА“, напиша меѓу другото Кирил Лазаров на својот Фејсбук профил, во објавата со која става крај на игачката кариера.