Како да избегнете несоница во топлите летни ноќи?

|

Истражувањата покажаа дека дури една четвртина од луѓето имаат проблеми со спиењето во текот на летните месеци.

Иако летото е омилена сезона за многумина, сепак со себе носи еден проблем што е вообичаен за многу луѓе. Имено, топлите летни ноќи се една од водечките причини за несоница во светот.

Невролозите посочуваат дека студиите покажале дека дури четвртина од луѓето имаат проблеми со спиењето во текот на летните месеци. Но, постојат начини на кои може да се избегне несоницата.

Најдобро е да се обидете да го оладите просторот на природен начин со провев, но кога температурите се превисоки, единствените опции се вентилаторите и климатизерите.

Секако е пожелно овие помагала да не се ставаат во спалната соба, но можете да ги поставите во ходникот и со отворена врата за да се овозможи проток на поладен воздух.