|
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека: на ден 08.06.2022 година, (среда )
•Поради зафати во водоводната мрежа, (стопирање на стар приклучок) на ул. Бриселска бр. 18А, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бриселска, Софиска, Његошева, Копенхагенска и Стокхолмска. (Општина Карпош)
•Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. Златко Шнајдер бр. 10, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Златко Шнајдер. (Општина Центар)