Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зекири е префрлен на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од скопскиот затвор во Шутка за Телма.
Судот одобрил трансфер на поранешниот генерален секретар поради сомнежи за евентуално тр* ење, по што тој вчера попладне бил пренесен во болница.
Од затворот за телевизијата одговорија дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера. Нема објаснување зошто Зекири не е префрлен во одделението наменето за притвореници и осуденици туку е однесен на Инфективната клиника.
Од Кривичниот суд велат дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во затвор Скопје во најбрз можен рок е одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа.
Денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена притвор. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.