Топ тема во медиумите денеска е веста за приведувањето на пејачот Ламбе Алабаковски кој е обвинет за палењето на влезната врата на културниот центар Ванчо Михајлов во Битола.
Случајот со Алабаковски предизвика бурни реакции во јавноста, поголемиот дел од јавноста застана во одбрана на пејачот, а исто така се огласија и дел од партиите и политичарите.
Директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој вечерва гостуваше во емисијата на Канал 5 „Само вистина“ го коментираше случајот поврзан со пејачот Ламбе Алабаковски.
Тој истакна дека самото отворање на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола бил со намера да биде запален, и како што рече, ако тоа не го сторел Ламбе Алабакоски, некој друг ќе направел таков инц идент.
-Овој клуб беше отворен со оваа намера, за да биде запален и искршен. Намерата од бугарските власти беше за да се запали. Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името „Ванчо Михаилов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја. Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не би требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања, додаде Ангелов.