Зејтинот поскап за речиси 40 проценти, цената на лебот, зеленчук, шеќерот зголемена за речиси 20 проценти, млекото поскапело за 16 процнети – статистика измери нова рекордна стапка на инфлација од 11,9 проценти во мај годинава споредбено со истиот месец 2021вата.
Цените на мало зголемени за 12,1 процент. Државен завод за статстика:
16,9 % – во мај 2022 година споредбено со мај 2021 година е повисока цената и на кафето, чајот, какаото. 12,9 % – цената на месото. 11,5 % – цената на овошјето
Поскапување има и кај транспортот и тоа за 24 проценти, кај енергенсите за 8. За граѓаните секој месец се потешко се преживува. Бараат мерки од државата за ублажување на кризата. Велат платите и пензиите се мали, едвај се врзува крај со крај.
И бизнис секторот денеска побара помош од надлежните, но наместо за граѓаните, велат државата да се фокусира на носење мерки за стопанството. Истовремено повикуваат на штедење на електрична енергија и од страна на државата, и граѓаните и компаниите.
Откако Владата не ги продолжи мерките кои беа донесени во март за зачувување на стандардот на граѓаните од 1ви јуни цените на основните прехранбени продукти драстично пораснаа. Пари за помош надлежните тврдат дека има, веќе најавија и нови мерки за спас од кризата, овој пат велат ќе бидат потаргетирани, а до крајот на месецот се чека и одлука за нова цена на струјата, а ќе има и реформа на тарифниот систем за струја.