Пејачката Калиопи сподели една тажна вест со своите следбеници на Инстаграм.
Имено, се работи за нејзиниот татко, од кого таа се прости со емотивна објава.
“Тато мој…Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи…Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш….”, напиша таа покрај нивната заедничка фотографија.
Коментарите вклучуваа пораки со поддршка за пејачката и сочувство.