Песната на Фреди Меркјури која никој не ја слушнал: Квин ѝ открива скриено богатство на публиката

ИЗВОРНов Лист
|

Членовите на групата Квин открија дека ќе објават песна која јавноста досега не можела да ја слушне, а вокалот е снимен од Фреди Меркјури.

Станува збор за композиција која датира од сесиите за снимање на албумот „Чудото“, при што снимија околу 30 песни (за албумот), од кои многу никогаш не беа објавени.

– Најдовме скапоцен камен од Фреди на кој некако заборавивме. Тоа е прекрасно. Всушност, тоа беше вистинско откритие. Тоа е од сесијата на албумот „The Miracle“ и мислам дека (песната) ќе излезе во септември – изјави тапанарот Роџер Тејлор за BBC Radio 2.

Гитаристот на Queen Брајан Меј се согласи дека песната е прекрасна. Тапанарот Роџер Тејлор додаде дека се работи за „страсно парче“, пренесува „Дејли мејл“.