ЈСП со важна информација поради верскиот празник Задушница

|

ЈСП „Скопје” информира дека поради верскиот празник Задушница, в петок автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред.

В петок, сабота и недела на автобуските линиите со број 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гро бишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гро бишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гро бишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Распоредот на возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

Поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст, соопшти ЈСП Скопје.

Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.

Основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари (за еден месец).

За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид.