Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.
На сите избрани ученици на генерација,тој им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.
За доделувањето Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
– 3000 денари за ученик на генерација. Денес имав средба со учениците на генерација од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. За прв пат во општина Гази Баба се доделуваат 3000 денари за ученик на генерација. Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование. Како градоначалник оддавам признание и им честитам на учениците на генерација: 1. Марија Трајковска од ООУ Наум Охридски 2. Лука Трајковски од ООУ Кирил и Методиј 3. Оле Мишевска од ООУ Крсте Мисирков 4. Алексеј Стојановиќ од ООУ Дане Крапчев 5. Мерве Салихи од ООУ 25 Мај 6. Мила Тодевска од ООУ Његош 7. Павел Петровиќ од ООУ Крум Тошев 8. Давид Китановски од ООУ Вера Јоциќ 9. Матеја Тунева од ООУ Наум Наумовски Борче 10. Методија Златановски од ООУ Стив Наумов 11. Марија Недановска од ООУ Григор Прличев, напиша градоначалникот.