Овен
Доколку сте претрупени со работа, најдобро е дел од обврските да ги препуштите на вашите соработници. Не мора секогаш да се занимавате со најкомплицирани задачи кои бараат многу труд. Во љубовта најважна е меѓусебна почит, но саканата личност покажува прекумерно самоволие. Потрудете се да ја видите големата слика.
Бик
Пради некои непредвидени околности, ќе морате да ги промените вашите приоритети. Избегнувајте конфликт со личност која го предизвикува вашиот начин на размислување и деловните резултати. Променете го односот со вашата сакана личност. Секогаш постои решение. Избегнувајте деструктивно однесување или враќање лоши навики.
Близнаци
Се сомневате во сопствените способности. Ќе ви значи поддршка која можете да ја добиете од блиски личности, обратете се за совет. Важно е да се однесувате во согласност со вашите чувства. Бидете доследни во вашите намери. Потрудете се да избегнувате конфликтни ситауции. Тврдоглавиот став нема да ја подобри ситуацијата.
Рак
Некој ги оспорува вашите идеи или влијанието што го имате во деловните кругови. Со неколку мудри потези можете да ги решите вашите проблеми на работа. Изненадете ја саканата личност на необичен начин, доколку имате доволно фантазија, се може да се промени во позитивна насока. Одмарајте повеќе и избегнувајте физички напор.
Лав
Се соочувате со нова деловна дилема. Избегнувајте натпреварувачки ситуации, особено кога немате проверени информации. Денес ќе бидете носталгични и ќе се свртите кон минатото. Ви недостасува чувството на сигурност, особено кога се во прашање емоциите. Некоја личност го тестира вашето трпение. Обрнете внимание на веселите содржини, опуштете се.
Девица
Чувствувате негативна енергија во кругот на вашите соработници. Денес и најмалите задачи ќе ви изгледаат премногу напорно. Не дозволувајте некој да ве измами и да ви ги повреди чувствата. Понекогаш заслужувате малку одмор. Дозволете си дури да „изгубите контрола“, забавувајте се. Потребна ви е оддишка.
Вага
Нема причина некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно и општествено влијание. Изгледате прилично вознемирени и се потешко ви е да ги контролирате вашите емоционални импулси. Често го губите трпението со саканата личност. Избегнувајте ситуации кои ве исцрпуваат.
Скорпија
Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место и пред вистинските луѓе за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Имате потреба за емотивна слобода и независност. Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве наведе на лошо однесување. Ќе ви годи престој во природа или спортска активност.
Стрелец
Оние кои реагираат побрзо имаат можност да почнат од почеток. Нешто ве вади од такт. Внимавајте поради сопствената нервоза и напнатост да не влезете во жестока расправија со блиска личност. Време е да се запрашате уште колку долго може вашиот организам да издржи со темпото кое си го наметнувате сами.
Јарец
Различни околности се на ваша страна. Имате одлична можност да постигнете успешни резултати на работа. Во желбата да се претставите во подобро светло, можеби ќе се послужите со ситни лаги. Во љубовта треба да бидете поимагинативни, независни и толерантни. Не се обесхрабрувајте, туку гледајте напред со повеќе оптимизам.
Водолија
Се обидувате да смислите нови и корисни решенија, но вашите соработници немаат волја да ви се придружат. Избегнувајте нови семејни или емотивни дискусии. Недостатокот на енергија што ќе го почувствувате ќе има и свои предности. Додека се повлекувате во себеси, ќе избегнувате ситуации и контакти кои само дополнително би ве исцрпиле.
Риби
Не дозволувајте во вас да надвладее суетата или поривот за триумф. Се чини дека денес ќе имате разбирање за сите, но тешко дека ќе го добиете истиот третман за возврат. Не ги сфаќајте лично зборовите и постапките на другите луѓе. Треба да имате доволно трпение за семејството, како и за различните проблеми со кои се соочува вашата сакана.