Се подготвува терен за законски измени во катастарското работење. Од Агенцијата се потпираат на две работи како главни придобивки од новите прописи – полесни процедури за граѓаните, поефикасни сервисни услуги за бизнис-заедницата и новитети во дигиталното работење на Катастар.
Станува збор за Предлог-законите за геодетска дејност и за премер, катастар на недвижности и регистри.
Ова меѓудругото се прави и за да се усогласат нашите закони со европската регулатива, порача првиот човек на Катастар, Борис Тунџев.
„ОСНОВЕН СЕГМЕНТ Е ШТО ОВОЗМОЖУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА КОРИСТАТ МОЖНОСТА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ НА ЖАЛБА ВО ВТОРОСТЕПЕНА ПОСТАПКА. ОВА ДОСЕГА НЕ БЕШЕ ВОЗМОЖНО. СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИ СУГЕСТИИ КОИШТО ЌЕ БИДАТ ВО НАСОКА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНИОТ ЗАКОНСКИ ТЕКСТ СЕКАКО ДЕКА ЌЕ БИДАТ ПРИФАТЕНИ“ ИЗЈАВИ БОРИС ТУНЏЕВ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНИНИ.
„СЕГА ПОЧНА ЈАВНАТА РАСПРАВА. СИГУРНО ЌЕ ИМА И ДРУГИ ЈАВНИ РАСПРАВИ И НИЕ ЌЕ ЈА ИНИЦИРАМЕ ПОСТАПКАТА ВО РАМКИ НА ВЛАДАТА НА РС МАКЕДОНИЈА, А ПОТОА И ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА“ ИЗЈАВИ АГИМ НУХИУ, ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА.
Од Комората на трговски друштва за геодетски работи остро реагираа до Агенцијата за катастар и Министерството за правда.
Им пречи начинот на којшто се подготвуваат законските измени. Забелешките им се бројни, а главната е дека се дека се брза со носењето на новите закони.
„СО ОДРЕДЕНИ НОВИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ДЕКА АГЕНЦИЈАТА МОЖЕ ДА МЕНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРА, ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР И ТОА МИСЛАМ ДЕКА Е ДАЛЕКУ ОД ДЕМОКРАТСКИ ИЛИ ДАЛЕКУ ОД НЕКОЕ ДОБРО РЕШЕНИЕ И НАДОГРАДБА НА МОМЕНТАЛНИТЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА. ДОБРО НЍ Е ПОЗНАТ НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КАТАСТАРОТ. НЕ ВЕЛАМ ДЕКА КАТАСТАРСКИТЕ СИСТЕМИ СЕ ЛОШИ. НЕ ВЕЛАМ НИТУ ДЕКА ИДЕИТЕ СЕ ЛОШИ. НЕ ДЕКА ОВИЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА СЕ ЛОШИ И НИЕ ГИ ПОЗДРАВУВАМЕ. МЕЃУТОА, НЕ АКО СЕ НОСАТ НА ВАКОВ НАЧИН, СО БРЗАЊЕ И БЕЗ КВАЛИТЕТНИ ЈАВНИ ДЕБАТИ. КАКО ШТО КАЖАА ОВА Е ПОЧЕТОК МЕЃУТОА ИНДИКАТИВНО Е ЗОШТО СЕ БРЗА ВО ЕДНА НЕДЕЛА ДА СЕ ПРАВАТ ДВЕ ДО ТРИ ДЕБАТИ И ОЧИГЛЕДНО ДЕКА НЕКАДЕ ВО ЕКОТ НА ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ НИЕ НЕКАДЕ БРЗАМЕ, А НЕ ЗНАМ КАДЕ БРЗАМЕ“ ИЗЈАВИ НИКОЛА РИБАРОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ.
Геодетската област се соочува со реформи и новитети за првпат после 2013 година, иако оттогаш па наваму, законите неколкупати се менувани.