Самоуверени, храбри и спремни да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа, Лавовите се и тоа како способни да заработат многу пари.
Луѓето кои веруваат во хороскопот велат дека ѕвездите можат да предвидат сè, од нивниот омилен ресторан за брза храна до типот на партнер со кој ќе се венчаат.
А новите податоци сугерираат дека хороскопот дури може да ја предвиди шансата некој да стане милијардер! Од сите знаци, луѓето родени во еден огнен и силен знак се покажале како најчести милијардери. Се работи за Лавовите.
Истражувачите од британската деловна консултантска куќа „Adview“ откриле дека од сите милијардери на неодамна објавената листа „Fortune 400“ има најмногу Лавови.
Вкупно, на листата имало 28 милијардери кои се Лавови во хороскоп.
На второ место е Бикот, со 24 милијардери, потоа Вагата со 23, потоа Водолијата – 22, потоа Близнаците и Девицата – 21, Јарецот и Рибите – 21, Ракот 20, Стрелецот 18, Скорпијата 6. Најмалку милијардери се Овните, само 12 од нив.