Макарони со мелено месо и печурки – прсти да излижеш

|

Макарони со мелено месо и печурки – прсти да излижеш!

СОСТОЈКИ: 1 пакување макарони, 500 гр мелено месо. 400 гр шампињони, 1 главица кромид, сол, бибер, зачин, малку масло, 1 тегла (900 гр) шпагети ,сос 200 гр, рендано сирење моцарела.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Рерната загрејте ја на 200 степени. Тестенините згответе ги во солена вода, исцедете ги и измијте ги со студена вода за да не се лепат. Додека тестенините се готват подгответе сос. Шампињоните исечкајте ги на тенки листови и додајте месо. Динстајте на слаб оган додека шампињоните не омекнат. Кога сѐ ќе биде готово додајте шпагети сос (доматен сос). Прокрчкајте па додајте макарони. Сѐ фино измешајте па ставете во тепсија која сте ја намастиле со путер.

Посипете со рендано сирење па ставете во рерна. Печете додека сирењето не се растопи и не почне да добива боја. Добар апетит!