Многу често се случува да потрошиме повеќе од планираното кога одиме да пазариме во маркети или друг вид на продавници. Следниве неколку совети ќе ви помогнат тоа да не биде така.
Наместо без планираниот буџет, дома ќе се вратите со заштеда.
Не купувајте гладни. Така ќе потрошите повеќе пари на брза храна, од типот на грицки и слично. Одете на шопинг добро најадени и ќе избегнете непотребни трошоци.
Понесете претходно изготвена листа со потребни намирници, особено ако ги носите и вашите деца да “помогнат“.
Однапред планирајте што ќе готвите во текот на неделата и купете го тоа што го има на списокот.
Најдобро е да купувате еднаш во неделата. Ако секој ден наминувате во продавница, ќе купите многу повеќе, а меѓу намирниците ќе се најдат и сосема непотребни работи.
Кога сте уморни, под стрес или брзате купувајте во познати маркети и продавници. Така полесно ќе најдете што ви треба и побрзо ќе завршите работа.
Погледнете што имате во фрижидерот и кујната. Искористете ги работите што ги имате пред да купите нови.
Дури и кога е на распродажба, купувањето вреди само ако го користите производот.
Купете го тоа што навистина ви треба и можете да си го дозволите. Три во едно е добра зделка ако можете да ги употребите сите три намирници.
Гответе дома. На тој начин ќе заштедите на намирници и ќе имате вкусен домашен ручек, вечера, десерт…
Понесете онолку пари колку што е потребно. Оставете ја картичката доколку е возможно. Ова еден од најдобрите начини за заштеда при шопинг.
Ако се сомневате дали да купите нешто или не… напуштете ја продавницата. Штом се двоумите сигурно производот не ви е толку потребен.