Во следните денови следува ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето!

ИЗВОРНов Лист
|

Во следните денови, односно до вторник времето во Македонија ќе се задржи променливо и нестабилно. Ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Денес ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе бележат тенденција на пораст. Поголем пораст ќе има од првите денови на следната недела, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

И во Скопскиот регион до вторник ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 33 степени.

Инаку најмногу дожд до дега има наврнато во Маврово, и тоа дури 61 л/м2 воден талог. Интензивните врнежи низ државава како што и беше најавеноусловија локални поплавувања, и тоа особено на Плетвар, каде имаше порои.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.