– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, услови за појава на грмежи и со засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени. Потоа во текот на утрешнит ден, и тоа особено попладнето и вечерта ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Потоа од вторник па натаму Атмосферата ќе биде постабилна а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе бележат тенденција на ПОРАСТ, и максималните дневни температури и тоа особено од вторник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат до околу 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.