НАЈАВА: ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР ПОВТОРНО УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа од утре па во следните денови Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите , тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki