|
Според посетители на Црна Гора, кои своето искуство го пренесуваат на социјалните мрежи, годинешните цени на сместување, храна, лежалки, чадори и се што е потребно на одмор покрај море имаат многу повисоки цени.
Цените несомнено скокнаа во сите туристички места, но оваа фотографија која се појави, ги изненади туристите кои планираа ова лето да одмораат во Црна Гора.
Имено, на фотографијата е прикажан ценовникот од едно туристичко место во Црна Гора.
– Ценовник на лежалки, лежалки сет – 25 евра, дрвени лежалки сет 35 евра, гарнитури 30 евра комплет, кружни софи 40 евра, настрешници 80 евра, една лежалка без чадор 10 евра, покажува ценовникот од фотографијата.