Надал конечно откри зошто чекал 14 години за да ја запроси жена му

ИЗВОРНов Лист
|

Рафаел Надал има освоено многу Грен слемови и турнири, но неговиот приватен живот отсекогаш ја заинтригирал јавноста, па прво се запрашавме кога би ја запросил својата долгогодишна девојка. Кога конечно го направи тоа, сите се прашуваа зошто не порано.

Марија Франциско Перело е исклучително важна жена во животот на Рафаел Надал и многумина ја нарекуваат „жена во сенка“ бидејќи не може често да се види на неговите турнири. И додека некои тоа го поврзуваат со тоа што Надал не ја сака на своите натпревари, други сметаат дека тој всушност секоја одлука ја носи заедно со неа и дека таа е жената пред која „трепери“. Имено, таа ја напуштила кариерата, како што пренесоа некои медиуми, за да му се посвети и да го следи. Но, зошто толку долго го чекаше прстенот?

Иако се запознале преку сестрата на Надал уште во 2005 година и оттогаш се неразделни цели 17 години, тие двајцата само пред 3 години кажале „да“ во Мајорка, родното место на славниот тенисер. Раскошната венчавка се одржа во замокот „Ла форталеза“, а меѓу 350-те гости беше и „кремот“ на друштвото и познатите.

Многумина беа во дилема зошто победникот на Грен слемовите чекаше толку долго за да ја запроси, а на тоа речиси и да одговори во интервју за магазинот „Париз Меч“.

– Се венчавме затоа што сакавме да организираме голема забава. По некое време почувствувавме дека е дојдено време за тоа. По венчавката, во секој случај, животот ни го промени многу – изјави Надал.