Нови цени од 1 јули – Тарифните блокови ќе бидат со повисоки граници на потрошена струја

ИЗВОРТелма
|

Границите на четирите тарифни блока по кои ќе се пресметуваат сметките за електрична енергија на домаќинствата најверојатно ќе претрпат измени, нема да бидат позиционоирани на 210, 420 и 630 киловват чавои потрошена струја во скапа тарифа. Ова денеска го потврдија надлежните кои го изработуваат тарифникот и додадоа дека и доколку се подигнат горните границите нема да има значителни измени, а проценките се дека 80 отсто од домаќинставата ќе плаќаат пониски сметки

Новиот тарифник и новата цена на струја ќе почнат да важат од 1 јули. Тарифниот систем ќе биде заклучен пред одлуката за новата цена на струјата бидејќи таа зависи токму и од него. При формирањето на новата цена на струјата ќе се змеат превид мрежарините кои влијаат на маржата, како и барањето на Електродистрибуција од 80 отсто поскапа цена додека ЕВН Хоум не побара зголемување на цената во барањето бидејќи не ја знае цената на електричната енергија која ќе ја купува од ЕСМ.

Од денеска во функција е калкулаторот кој е поставен на страницата на Регулаторната комисија а преку кој граѓаните ќе може да пресметаат колку ќе им изнесува сметката за струја доколку потрошат исто, помалку или повеќе согласно тарифните блокови, но мора да се напомене дека при пресметката калкулаторот ја користи посточеката цена на струја, која сигурно ќе се смени и ќе биде повисока.

Огнен Чанчаревиќ