„Треба да и се одземе детето“ Емили Рајтаковски повторно мета на критики поради фотографијата

ИЗВОРНов Лист
|

Манекенката Емили Ратајковски често е мета на критики за нејзините разголени изданија во јавноста, но никогаш не се двоумела да ги брани своите ставови и да им ја затвора устата на следбениците кога е потребно.

Сега, сепак, крена прашина од сосема друга причина – поради една фотографија сите се убедени дека го истетовирала својот едногодишен син.

Манекенката и горда мајка на едногодишниот Силвестер објави фотографија на Инстаграм, на која се гледаат три тетоважи на зборот „Sly“, што е прекарот на нејзиниот син.

Не е сосема јасно чии делови од телото се гледаат на фотографијата, но нејзините фанови се убедени дека еден од нив е на кожата на бебето, поради што некои коментирале дека треба „да и се одземе детето“.

„Се надевам дека не го истетовиравте детето, тоа е страшно непримерно“, „Мислам дека тетоважата на детето е премногу“, „Не е ли малку рано да го истетовирате синот?“,гласеа само некои од коментарите.

Претходно, во интервју за „Вог“, Емили изјави дека „ќе го знае полот на детето дури кога ќе наполни 18 години“.