Кејт Бекинсејл е познат фитнес ентузијаст, а покрај тоа што редовно може да ја сретнете во теретана, таа е и љубител на јогата која ја тренира дома.
Фановите коментираа на видеото на познатата актерка на кое таа покажа како изгледа кога нејзиниот миленик ќе и се придружи на час по јога.
Јогата со мачки постои веќе некое време. Засолништето за животни во Денвер има и часови по јога со мачки на душеци. А снимката на Кејт Бекинсејл е само доказ за тоа колку може да биде забавно вежбањето јога со овие меки пријатели.
Јогата инаку има многу придобивки кога се практикува редовно. Тоа е и природен начин за ослободување од стресот, го подобрува квалитетот на сонот и го подигнува расположението.Видеото како Кејт вежба јога можете да го погледнете со клик ТУКА.