Ограничување на маржите на 5 и 10% – Државата враќа дел од старите мерки

|

Старо нови мерки за превенција од ценовни шо кови. Владата повторно ги ограничи маржите за трговците. Од утре , па се до крајот на септември, лебот, шеќерот, маслото , брашното, макароните, оризот, кравјото млеко, јајцата, ќе се продаваат со маржи од 5 и 10 отсто. До крајот на оваа година на производителите и трговците им се кратат и сите дополнителни трошоци. Бектеши уверува дека со овие мерки цените на проивзодите би се намалиле во просек од 5 до 7 денари.

Бектеши не прецизраше дали државата би се откажала од одредени давачки во време кога цените неконтролирано одат нагоре. Но рече дека за еветуално дополнување на мерките ќе се лека ребаласнот на буџетото со кој се предвидени нешто над 70 милиони евра – пари за подорбување на ликвидноста на компаниите но и за стандардто на граѓаните.

Одлуките за новите мерки доаѓаат откако претходните на крајот на мај се укинаа, а цените на производите, особено на основните значително се зголемија. Некој дури и за над 70 отсто. Претходно и стопанственциите апелираа, итно да се активираат стоковите резерви за да се стопира поскапувањето, иако не знаат зошто државата до сега тоа не го направила.