|
Утре, како и во четврток времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повторно услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во петок како и за време на викендот.
Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
И во Скопскиот регион утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека повторно услови за локална нестабилност ќе има во петок како и за време на викендот.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 33 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.