Колку клима-уредот во автомобилот ја зголемува потрошувачката на гориво?

|

Одржувањето на поднослива температура во кабината на автомобилот за време на патувањето станува клучно кога ќе дојде летото.

Не е добро температурата драматично да се спушти, но патувањето кога е 32, 33 степени Целзиусови во кабината станува исклучително тешко за возачот и патниците. Со секоја капка пот, нервозата расте експоненцијално.

Автомобилскиот климатизер се состои од компресор, кондензатор, експанзионен вентил и испарувач. Компресорот е поврзан со ротацијата на моторот со ремен, а за да ја исполни својата задача потребна му е механиката на автомобилот, а со тоа доаѓа до зголемување на потрошувачката на гориво. Колку се поголеми барањата (повисока надворешна температура, пониска во кабината), толку е поголема потребата за ладење, па потрошувачката на гориво ќе се зголеми.

Опсегот на зголемување на потрошувачката е меѓу 5 и 20%. Со модерните климатизери, компресорот се исклучува кога ќе ја достигне поставената температура, одвојувајќи се од работата на моторот, што исто така ја намалува и потрошувачката.

Извор: Кајгана