Потребно опуштање за рибите, одлична кондиција за шкорпиите – Дневен Хороскоп (15.06.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Зарем има нешто подобро од релаксирачкото кафе со пријателите? Не мислете се многу, закажете средба и забавувајте се во нивното присуство. Можна е мала караница со партнерот, но со добар разговор се може да се реши.

Бик (21.04 – 21.05)

Денеска очекувајте повик од некој пријател кој ќе има потреба од вас. Искористете го талентот на добар советувач и кажете му некој совет со кој ќе може да го реши проблемот. Потрудете се да имате поквалитетен сон.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Овој ден премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.

Рак (22.06 – 22.07)

Наместо да бидете слабаци, ризикувајте па и доколку не го добиете тоа што го посакувате, не е крајот на светот. Имајте малку повеќе храброст. Учете на грешките од минатото, но не само на своите туку и на туѓите.

Лав (23.07 – 22.08)

Работната недела ќе ја привршите со голем елан. Уште утрово ќе се разбудите полни со елан, а дури и тешките обврски ќе ви бидат лесни. Крајот од денот искористете го за средба со партнерот.

Девица (23.08 – 22.09)

Овој ден ќе се чувствувате помалку ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка на непријатност ќе ви биде најдобро друштво.

Вага (23.09 – 22.10)

Иако ова не е ваш ден, сепак не очајувајте. Бидете во присуство на луѓе кои ќе имаат позитивно влијание а вас. Не запоставувајте ја вашата линија и обрнете внимание на исхраната.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова е доста динамичен ден. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. денот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започните и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансисктата состојба без позначајни промени.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Овој ден ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почуствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашето расположение ќе биде на ниво денеска. Останете така позитивни во текот на целиот ден и поминете го поголемиот дел од денот со партнерот. Потрудете се да ја зачините вашата врска со некоја мала промена.

Водолија (21.01 – 19.02)

Обврските мораат да бидат извршени, без разлика дали тоа вам ви се допаѓа или не, така што, подобор ќе биде да почнете уште веднаш со работа. Моментално, здравјето е добро. Не им замерувајте на оние кои избрзуваат со одлуките.

Риби (20.02 – 20.03)

Не дозволувајте монотонијата да завладее со вас денеска. Направете нешто ново со што ќе го подигнете вашето расположение. Обидете се да не мислите на негативни работи и се ќе биде во ред. Опуштете се со помош на вашето хоби.