Сопругата на Брус Вилис ги воодушеви неговите обожаватели со видео старо 35 години

ИЗВОРНов Лист
|

Сопругата на Брус Вилис го чуваше нејзиниот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но болеста на нејзиниот сопруг промени сè. Ема Хеминг Вилис сега се повеќе споделува спомени од холивудскиот актер, но и бројни моменти од неговата богата кариера.

Овој пат на својот Инстаграм, Ема сподели видео од 1987 година кога Брус Вилис ја пееше песната Under the Boardwalk со The Temptations, а нејзината објава ги воодушеви обожавателите на познатиот актер.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

“Моето мото е – никогаш не дозволувај стравот да те спречи. Зошто? Затоа што стравот постојано ме спречува. И тоа е уште една причина зошто се заљубив во мојот сопруг, бидејќи стравот никогаш не го спречи. Па каква самодоверба треба да имаш да пееш водечки вокал со The Temptations?“ напиша таа во описот на публикацијата.

„Ги ставам потребите на моето семејство над моите, што не ме прави херој. Таа количина на грижа за сите останати во моето домаќинство влијаеше на моето ментално и целокупно здравје. Никому не му беше од корист“, рече таа.

“Сакавме да им кажеме на обожавателите на Брус како семејство дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус се оддалечува од кариерата која многу му значеше”. изјави претходно семејството Вилис.

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, велат тие. Истата објава се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.