Откако ретроградниот Меркур заврши, многу планови и работни задачи се реализираа, но и комуникацијата се подобрува. Сé е појасно и полесно решливо. Но што се случува на полето на љубовта? Токму тоа го откриваат астролозите!
„Меркур се враќа во знакот Близнаци и носи прекрасни плодови со своето поместување, ги исправа грешките, и информациите што сега ги слушаме и добиваме се многу пореални и повистинити“, објаснуваат астролозите.
Тие истакнуваат и дека Венера носи нешто ново.
„Венера е многу добра во знакот Бик. Таа се движела преку Уран, што значи дека донела нешто ново, нешто необично, некоја динамика што шокира. Ќе направи квадрат со Сатурн од Водолија, што може да ве врати во минатото, да сретнете некоја поранешна љубов“, сметаат астролозите.
Тие особено нагласуваат кои 5 хороскопски знаци ги очекува нова љубов во наредните седум дена!
СТРЕЛЕЦ
За овој знак, љубовта е смислата на животот. Доколку не се вљубени, ќе најдат нова љубов до крајот на месецот, за нив ова е најповолниот период.
СКОРПИЈА
На припадниците на овој знак им е супер, бидејќи седмото поле им е подобро и поубаво. Тука динамиката е максимална, бидејќи Венера е присутна. Ова е фантастичен период за нив.
ДЕВИЦА
Девицата е фокусирана на работата, секогаш е оптоварена со правила и обврски. Но овој период може да им се случи нешто убаво. Втората половина на јуни е идеална за нова љубов, доколку не ја пронашле досега.
РАК
Раковите се многу емотивни, бараат сродна душа во секого и сега ќе ја најдат. Овој период е добар за да нурнат длабоко во себе и да побараат одговори од нив самите за да им биде животот поубав.
БИК
Биковите сега се разиграни, за разлика од нивната вообичаена состојба кога се стабилни и традиционални. Изгледаат недостижно, но тоа е добро. Можна е нова љубов со човек од странство.