Ламбе Алабаковски изминатиот период е во центарот на вниманието на јавноста како кај нас, така и во Бугарија. Причината е добро позната, а тоа е настанот во бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола поради кој заврши зад решетки.
Според информациите кои беа објавени во медиумите, Алабаковски во полицијата го признал делото коментирајќи дека го сторил од патриотски причини. По приведувањето му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД, по што беше префрлен во куќен притвор.
„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата“, напиша Алабаковски на социјалната мрежа Фејсбук.
17 години по триумфот на M2 Play Проект потрага по ѕвезда и по 7 години пауза од музика Ламбе неодамна ја отвори душата и проговори за сето она што му се случувало годиниве.За својата одлука да ја напушти музиката и Македонија, тој говореше во ексклузивното интервју за естрадниот магазин Бекстејџ.