Под влијание на претежно стабилна, суво и ТОПЛА воздушна маса од југ, денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана и краткотрајна попладневна нестабилност.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во пораст, ОСОБЕНО ТОПЛО ќе биде од вторник па натаму кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 33 степени, а особено ТОПЛО ќе биде од вторник па натаму кога максималанта температура ќе се искачи до околу 37 степени.
УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им препорачуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето (да носат капа и наочари за сонце), и да пијат што повеќе течности.