|
Обезбедени се сите услови десет семејства во социјален ризик, од 25 до 30 јуни, да летуваат во Охрид. Тие ќе бидат сместени во хотел „Мизо“ и тоа бесплатно.
– Овие лица ќе летуваат на трошок на хотелот, кој им обезбедува сместување и појадок.
Јас, преку добри луѓе, им обезбедив маренда, ручек и вечера, како и бесплатен превоз до Охрид. Им благодарам на сите хумани луѓе кои ми помогнаа да израдуваме дечиња, на некои од нив ова ќе им биде прво пливање во базен – вели хуманитарецот од Чаир, Али Февзи.
Вели дека имало голем интерес – се пријавиле над сто семејства кои треба да достават документ дека се социјален случај и да немаат други приходи.