Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.
Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.
И во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, како и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Темпертурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 37 степени.
УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.