Голем број медиуми објавија дека една од најголемите регионални ѕвезди Здравко Чолиќ наводно доживеал непријатност во својот дом.
Според медиумите, постарата ќерка на Чолиќ, Уна, „зела 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко за да му купи автомобил на момчето“.
Како што пишуваат медиумите, пејачот кога видел дека му недостасува поголема сума пари повикал полиција, па „исплашената девојка признала се и ги вратила парите“.
Во врска со овие тврдења, Уна Чолиќ најпрвин објави на својот Инстаграм профил и истакна дека овие наводи се лажни:
„Сега навистина е доста… Вакви лаги повеќе нема да се толерираат. Како не се срамите вака да ме загрозите мене и моето семејство… Треба да се срамите“, напиша Уна.
Здравко Чолиќ ги демантираше наводите на медиумите. Пејачот истакна дека се работи за невистинити информации и дека неговиот правен тим ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на приватноста на семејството.
Не е точна веста дека во куќата имало исчезнување за кое е обвинета Уна. Тоа е апсолутна лага, семејството Чолиќ претрпе неизмерна штета“, изјави Здравко Чолиќ.
Адвокатскиот тим на пејачот апелираше до медиумите да не учествуваат во креирањето на „неточни информации кои во преден план ставаат незаштитени поединци и нејавни лица, а тоа во случајов е ќерката на Здравко Чолиќ“.
„Посочуваме дека веста за наводното исчезнување на парите во куќата на Здравко Чолиќ е апсолутна лага. Здравко Чолиќ никогаш не комуницирал со медиумите, дури и кога се работи за семејството „Одлуката за приватност мора да се почитува, имајќи ги предвид сите морални и човечки кодекси“, велат од адвокатскиот тим на Здравко Чолиќ.
Како што е познато од претходно, Здравко Чолиќ од 2001 година е во среќен брак со сопругата Александра со која има две ќерки Уна и Лара.