Актерот Мартин Шин (81) вели дека неговото легално име и понатаму е Рамон Естевез и дека жали што го сменил поради кариерата.
– Тоа е нешто за што жалам. Никогаш официјално не го сменив моето име. Рамон Естевез се уште е во моето крштевање – рече тој и додаде дека неговото официјално име стои и на пасошот, бракот и возачката дозвола.
– Понекогаш те убедуваат да го направиш тоа кога немаш доволно увид, па дури и доволно храброст да застанеш за она во што веруваш, а подоцна да платиш за тоа. Но, секако, зборувам само во свое име – изјави актерот.
Неговите два сина, актерите Чарли Шин (56) и Емилио Естевез (60) се разделија кога станува збор за презимето, па и двајцата избраа различни.
Мартин признава дека во тоа време не бил ни свесен дека неговите синови се заинтересирани за глума бидејќи бил премногу зафатен со сопствената кариера и издржувањето на семејството.
– Единственото влијание што го имав врз Емилиo беше да го задржам неговото име. Кога почнал, агентот го советувал да го смени името во Шин, а тој не сакал да го направи тоа.