Актерката Амбер Херд е во преговори да напише книга за да го зголеми својот приход, откако изгуби милиони долари во тужба за клевета против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Извор близок до актерката тврди дека таа во моментов не е во ситуација да одбие пари.
– Амбер својата кариера во Холивуд ја смета за завршена. Таа веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Во овој момент нема што да загуби и сака се да каже – рекол извор близок до актерката.
Дрор Бикел, адвокат за развод и автор на книгата „The 1% Divorce, When Titans Clash“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата би можела да ги предизвика.
„Колку и Херд да сака да разговара за овој случај и врската со Деп во книгата, мора да биде крајно внимателна кога зборува за него“, рече Бикел. Тој забележува дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на сè што ќе каже Херд.
– Доколку ја помине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе ја погоди уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд – додаде адвокатот.