Откако ќе подготвите компири на овој начин, веруваме дека често ќе се наоѓаат на вашата трпеза. Освен за вечера, можете да ја послужите и како главно јадење… Уживајте!
Состојки: маслиново масло, 1,5 кг млад компир, две или три чешниња лук, две суви лути пиперки, 100 гр сланина, четири јајца, мајчина душица, босилек, сол, бибер
Подготовка: Младите компири убаво измијте ги, па варете десетина минути во посолена зовриена вода за малку да омекнат. Потоа исцедете ги и префрлете во тава. Додадете цели чешниња лук, исечкани лути пиперки и ситно сечкана сланина.
Посолете, додадете бибер, мајчина душица и босилек, маслиново масло и печете во рерна на 200 степени 25 минути. Во меѓувреме испржете ги јајцата на око, па послужете ги со компирите. Пријатно јадење!