Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево. Сепак повремено ќе има услови за локална појава на нестабилност. Во сабота повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, а малку пониски температури ќе имаме утре кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
И во Скопскиот регион во следниот период времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево. Сепак повремено ќе има услови за локална нестабилност, а во сабота повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени.
УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следниот период ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki