Направете пресметка: Еве колку ќе платите за кафе, кроасан и сок од лимон во Опатија

|

Еден Загрепчанец објавил фактура од кафуле во Опатија и предизвика бура на социјалните мрежи.

Видно разочаран од цените, корисникот напишал: „Јас не сум од оние кои го бројат секој денар на сметката, мислејќи на цената на малиот кроасан, малото кафе со млеко и природен сок од лимон. За што платил 107 куни (околу 800 денари) .

Малиот кроасан платил 30 куни, малото макијато 32 куни, а природниот сок од лимон 45 куни.